Во периодот што следува за припадниците на декларираниот состав од 2.пешадиски баталјон ќе се реализира интензивен курс по англиски јазик за персоналот поставен на должност радио-оператор. За време на реализацијата на курсот ќе бидат преземени сите превентивни мерки за заштита од COVID-19.
Курсот се изведува од страна на оспособени инструктори по англиски јазик кои на најефикасен начин го пренесуваат своето знаење на персоналот и потпомагаат во совладување на наставниот процес во изучување на англискиот јазикот и начинот на комуникација.
Изучување на странски јазици континуирано се реализира и во останатите касарни и единици во Армијата и стекнатото знаење на слушателите наоѓа голема примена при заедничките вежби и мисии со останатите земји-членки на НАТО.
ГЃ/ЧС/БН