Во периодот од 10.04. до 13.04.2023 година, во центарот за обука „Пепелиште“ беше реализирана работилница за изработка на Организациската наредба и потребните документи за вежбата „Брз Одговор 23“ (Immediate Response 23) и беа изработени следните документи: организациската наредба, динамичкиот план и оперативните документи за реализација на вежбата.
Во рамките на работилницата беа реализирани координативни состаноци со градоначалниците на општините Куманово и Кавадарци во чии општини за времетраење на вежбата ќе се реализираат одредени активности. Исто така беа реализирани и извидувања на локациите на изведување на вежбовните активности на АП Криволак и местото за реализација на Денот за високи посетители (ДВП) на вежбата.