Денес, 08.05.2014 година во Тетово, клучниот персонал од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите единици остварија посета на Универзитетот на Југоисточна Европа. За време на престојот, командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски се сретна со проректорот на универзитетот Ендрју Годсмит.
На средбата присуствуваа: Заменик на командантот бригаден генерал Мухамет Рацај, началникот на штаб бригаден генерал Стојан Димчов, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски на која се разговараше за можностите за соработка со Универзитетот врз основа на склучениот меморандум со Министерството за Одбрана на Република Македонија.
Пред клучниот персонал од командата на ЗОК и единиците се реализираа предавања од проф. Др.Елизабета Андреевска на тема: „Република Македонија на патот кон евроатланските интеграции“, и предавањето на проф.др. Ветон Љатифи на тема „НАТО и ЕУ интеграции“.
Посетата на Универзитетот е планска активност во ЗОК која се спроведува во рамки на состаноците на командантот на ЗОК со командантите на првопотчинетите единици и клучниот персонал од командата согласно Годишниот План за Работа.
Претходно, врз основа на одличната цивилно воена соработка со високите научно образовни институции во Република Македонија беше остварена посета и предавања кои се од интерес на одбраната и во универзитетот „ФОН“ во Скопје.