На ден 12.05.2026 година, согласно годишниот Календар за обука на командата и штабот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), клучниот персонал од командата и штабот на 1.пбр, со потчинетите единици, реализираа командантско извидување во зоната на одговорност во западниот дел на државата, во поширокиот реон на Маврово и Дебар.
Целта на оваа активност беше извидување на просторот како дел од обуката за тактичко планирање и согледување на воено-географските карактеристики на теренот, организација на одбраната како и начинот на содејство и координација со останатите релевантни субјекти на теренот.
Во рамки на активноста, припадниците од 1.пбр го посетија Женскиот манастир ,,Рајчица“ во близина на Дебар како и селото Гари, при што имаа можност поблиску да се запознаат со културно-историските и природните особености на регионот.
ГЃ/ДЧ








