На 19 мај 2026 година, согласно Годишниот календар за обука, припадниците од командата и штабот на воздухопловниот ВИНГ реализираа командантско извидување во реонот на Куманово, како дел од редовните активности насочени кон одржување и унапредување на оперативната готовност на единицата.
Во рамки на активноста беше извршена анализа и проценка на воено-географските и тактичките карактеристики на теренот, со цел поддршка на процесот на оперативно планирање, како и координација и синхронизација на воздухопловните операции со останатите сили и релевантни структури на теренот.
Со реализација на вакви активности, воздухопловниот ВИНГ ја потврдува својата подготвеност за навремено и ефикасно извршување на задачите од својата мисија.








