Согласно годишниот план за работа, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) бригаден генерал Зоран Милески, со клучниот персонал од командата реализираше дводневно командантско извидување во зоната на одговорност која го опфаќа југо-западниот дел од просторот на Република Македонија.
Целта на оваа активност е извидување на воено-географските карактеристики на просторот на југо-западниот дел од Република Македонија, согледување и проучување на земјиштето и капацитетите на Армијата на Република Македонија, како и продолжување и продлабочување на соработката на Армијата на Република Македонија со останатите институции во земјата.
За време на извидувањето беа опфатени дел од стратегиските воени објекти на АРМ, културно-историските и верски обележја кои гравитираат на овој правец. За време на командантското извидување беше реализирана и работна посета на општината Прилеп, каде се разговараше за значењето на соработката помеѓу овие две институции која досега е на високо ниво.