Во Центарот за симулации во Командата за обука и доктрини (КОД) во Велес, персоналот од командата и штабот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), ја заврши тридневната компјутерска симулациона вежба „Мултинационална бригада во подршка на мирот“. Покрај припадниците на 1.мпбр на вежбата учествуваше и клучниот персонал од потчинетите единици од составот на 1.мпбр и персонал од Центарот за симулации, главно оператори на системот за симулации.
Персонал од командата и штабот на 1.мпбр, планирачкиот процес за оваа вежба го започна неколку дена пред почетокот на вежбата во склоп на вежбата на командно место . Во планирачкиот процес беа дефинирани мисијата, силите, теренот како и тактичките постапки за извежбување на командата и штабот на 1.мпбр.
Од оваа вежба, реализирана од персоналот од командата и штабот на 1.мпбр, произлегоа научени лекции кои ќе се имплементираат при планирање на наредните вежби што ќе се реализираат во Центарот со други единици од Армијата и истата претставува основа за меѓународната вежба која ќе се одржи во наредниот месец.
На ден 18.09.2019 година во обиколка на работата на штабот на 1.мпбр беше командантот на ЗОК, генерал мајор Павле Арсоски.
ГЃ/ЧС/НЈ