Врз основа на календарот за обука на Здружената оперативна команда (ЗОК) за 2019 година, старешините и цивилните лица од ЗОК реализираа кондиционо рекреативен марш на релацијата од Куманово (населбата Карпош) преку селото Старо Нагоричане до с. Стрновац при што беа препешачени 20 километри пат.
Ваквите активности кои согласно Планот за обука се изведуваат неколкупати годишно и се одлична можност за припадниците од командата да ја одржат кондицијата на потребното рамниште.
Со реализацијата на кондициониот марш припадниците од ЗОК се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со оперативно-тактичките правци на дел од зоната на одговорност.
За време на изведувањето на кондиционо рекреативниот марш и временските прилики беа наклонети за овој вид на активности.
ЧС/БН