Денес, 5 ноември 2014 година, старешините и цивилните лица од составот на ЗОК реализираа кондиционо рекреативен марш.
Маршот, се реализираше во реонот на с. Младо Нагоричане и истиот беше со должина од 15 (петнаесет) километри.
Оваа активност се изведува неколкупати годишно, а целта е одржување на кондицијата на припадниците на ЗОК на потребно рамниште.
За време на изведувањето на маршот беше ангажирано и беспилотно летало „Равен“ од составот на 1.механизирана пешадиска бригада, кое, како обуката, вршеше извидување и прибирање на податоци на теренот и следење на маршевската колона за време на движењето.