Во просториите на Здружено Оперативната Команда во Куманово, се реализираше Конференција за спецификација на вежбата „Македонски блесок 13“ и „Здружена реакција 17“ како нејзин составен дел.
Целта на вежбата „Македонски блесок 13“ која ќе се одржи во октомври 2017 година, е преку фиктивно сценарио да се создаде реално опкружување во согласност со тековните безбедносни предизвици, кое ќе овозможи промовирање на борбената готовност на декларираните единици во согласност со Здружените стандарди за сили на НАТО, и на тој начин справување со комплексноста на боиштето. Во исто време ќе се ажурираат тактиките, техниките и процедурите на декларираните единици. Вежбата „Здружена реакција 17“ која е составен дел на вежбата „Македонски блесок 13“ чија што намена е да овозможи размена на способности и искуства, со цел зголемување на меѓусебното разбирање на воено полициските капацитети на вооружените сили од А5 иницијативата, а со тоа создаде предуслови за несомнен успех на идните заеднички операции.
На конференцијата покрај командантот на ЗОК, учествуваа и: началниците на секции од ЗОК, командантите на првопотчинетите единици, директорот на вежбата и групата за планирање на вежбата „Македонски блесок 13“ и „Здружена реакција 17“ како нејзин составен дел.
Спецификацијата беше потпишана од страна на Командантот на ЗОК генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, кој даде и конкретни насоки за продолжување со планирачкиот процес, со кои би се оствариле целите за успешна реализација на вежбите „Македонски блесок 13“ и „Здружена реакција 17“.