Согласно годишниот план на заеднички активности помеѓу Армијата и Црвениот Крст за 2022 година, а по повод Денот на независноста ,,8-ми Септември“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв на која учествуваа припадниците од вториот пешадиски баталјон (2.пб) и четвртиот пешадиски баталјон (4.пб) од составот на првата пешадиска бригада (1.пбр), при што се собрани 130 единици крв.
Припадниците на 1.пбр, покрај извршувањето на секојдневни работни обврски остануваат верни на традицијата и редовно учествуваат во акциите за доброволно дарување на крв, покажувајќи ја својата хумана страна.
ГЃ/СЛ