На ден 26.03.2018 година во време од 09.00-15.00 часот, во рамките на одбележувањето на „2 Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализираше крводарителна акција.
Во крводарителната акција, во организација на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија, учество зедоа вкупно 121 припадници од сите единици лоцирани во гарнизонот Петровец.
Екипата од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја искажа својата благодарност кон персоналот на 1.механизирана пешадиска бригада и задоволството од подарените 121 крвни единици.
Вакви крводарителни акции се одржуваат повеќе пати во годината во рамки на одбележување на деновите на единиците лоцирани во гарнизонот Петровец.