Во рамки на програмата за одбележување на 2-ри Април, денот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се реализира акција за доброволно дарување на крв.
Со пораката „Крвта спасува живот, дарувајте мал дел од вашата крв, зошто утре можеби и нам ќе ни треба“, припадниците на АРМ ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи 90 крвни единици.
Во акцијата покрај припадниците од 1. мпбр се вклучија и припадници од воздухопловната бригада и логистичката чета кои се лоцирани во касарната во Петровец.
Оваа акција е реализирана во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.