Согласно годишниот план и програмата за соработка со Црвениот крст, во деновите 12, 13 и 14.08.2020 година, во касарните „НХ Боро Менков“ во Куманово, „НХ Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19”, се реализираа акции за доброволно дарување на крв, каде што беа собрани вкупно 96 крвни единици.
Со овие крводарителни акции припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и во услови на пандемијата со вирусот „COVID-19“.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата за подарените крвни единици.
ГЃ/ЧС