На 19 мај 2026 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, припадниците на 2.пешадиски баталјон од составот на 1.пешадиска бригада, во соработка со Црвениот крст и Одделот за трансфузиологија, реализираа акција за доброволно дарување крв.
Во рамки на акцијата, припадниците на бригадата уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност, дарувајќи вкупно 75 единици крв.
Ваквите активности претставуваат уште една потврда дека хуманоста, солидарноста и грижата за заедницата се трајни вредности што ги негува секој армиски припадник.








