Во периодот од 21 до 23.5.2018 година, во Регионалниот центар за медицинска обука, кој е дел од Воениот медицински центар (ВМЦ), се одржа обука за „Medical Decontamination“ и „Nurse Corps roles in Role 2 MTF FAM“, под покровителство на армијата на САД.
На обуката учествуваа дванаесет медицински лица, инструктори од ВМЦ од бригадата за Логистичка поддршка и инструктори од армијата на САД.
Целта на оваа активност е инструкторите од ВМЦ се обучат и оспособат за извршување на предвидените задачи, како и за обука на персоналот во АРМ, со цел зголемување на интероперабилноста за изведување на здружени медицински задачи со другите армии.