Во период од 29.10. до 02.11.2018 година во Воено медицинскиот центар (ВМЦ) се реализираше Курс за воено медицински персонал (MMPC – Military Medical Personnel Course) и курс за Предболничка медицинска поддршка при траума (PHTLS – Pre Hospital Trauma Live Support), од страна на швајцарски инструктори со слушатели на Балкански медицински наменски сили (БМНС) од Р. Словенија, Р. Босна и Херцеговина и Р. Албанија и инструктори и слушатели од ВМЦ.
Слушателите на курсот имаа можност да го унапредат своето знаење, да ги синхронизираат постапките за укажување на прва медицинска помош се со цел зголемување на интероперабилноста за изведување на здружени мултинационални медицински вежби.
СС/ЗВ/ЧС/НЈ