На ден 14.06.2014 година во координација со Здружението на граѓани „Поречки средби“ од Скопје и Општина Македонски Брод, припадниците од 2. логистички баталјон (2.логб), од составот на бригадата за логистичка поддршка дадоа придонес во реализација на јубилејната културна манифестација „10–ти Поречки културни средби“.
Како логистичка испомош на манифестацијата која се одржа во село Сланско – Македонски Брод од страна на припадници од 2.логб се приготви и подели храна (познатото војничко гравче) за 1500 лица.
Војниците исто така, поставија шатори за прием на гостите, како и потребите на крводарителската акција која беше изведена во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиологија на РМ, а во рамките на манифестацијата. Во рамките на акцијата дел од присутните припадници на АРМ донираа крв.
На овој начин единиците и припадниците на армијата на Република Македонија во рамките на цивилно воената соработка уште еднаш ја пружија потребната поддршка и помош на културни манифестации кои се организираат од страна на невладини организации и здруженија.