Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за месец август 2019 година.
Командантите на првопотчинетите единици на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски му реферираа за реализираните задачите во изминатиот месец, проблемите како и за тежишните активности за наредниот месец.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец септември 2019 година.
По завршување на реферирањето присутните на реферирањето извршија обиколка на дел од објектите во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
ЧС/НЈ