Во Сквадронот за обука и тренинг од составот на воздухопловниот ВИНГ, на 15 јуни 2026 година се одржа свечена церемонија по повод примопредавање на должноста командант на единицата помеѓу досегашниот потполковник Борис Настовски и новоназначениот мајор Александар Донев.
Во своето обраќање, командантот на вВИНГ, полковник Драган Павловски ја истакна важноста на Сквадронот во процесот на подготовка и професионален развој на персоналот, при што истакна дека единицата претставува клучен сегмент во развојот и одржувањето на воздухопловните капацитети на Армијата. Тој ја нагласи потребата за продолжување на активното учество во НАТО иницијативата NATO Flight Training Europe (NFTE) и понатамошно унапредување на обуката и воздухопловните способности на Армијата. Исто така ја потенцираше и важноста од реактивирањето на Центарот за обука на пилоти, како значајна стратешка задача за обезбедување долгорочна оперативна одржливост и развој на воздухопловниот кадар. Воедно, тој му се заблагодари на потполковник Настовски за досегашниот придонес и му посака успех на новопоставениот командант.
Потполковник Настовски направи краток осврт на постигнатите резултати за време на неговото командување, истакнувајќи ја професионалноста и посветеноста на персоналот, како и придонесот на единицата во рамки на НАТО иницијативата NFTE.
Мајорот Донев, заблагодарувајќи се за укажаната доверба, ја нагласи својата определба за понатамошен развој на способностите на единицата, унапредување на обуката и успешна реализација на поставените задачи, како и на понатамошно зајакнување на улогата на Сквадронот во рамките на воздухопловниот ВИНГ и Армијата.
Во рамки на церемонијата беше извршено и свечено примопредавање на военото знаме на Сквадронот за обука и тренинг. На настанот присуствуваа претставници од Командата за операции, 1. пешадиска бригада и припадници на воздухопловниот ВИНГ.








