Денеска во Командата на 1.механизиран пешадиски баталјон, во касарната “Боро Менков”- Куманово се одржа редовниот месечен состанок на Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) со командантите и командирите на потчинетите единица на бригадата. Во рамките на редовниот месечен состанок, по завршеното реферирање на командантите на потчинетите единици пред командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски за извршените активности во изминатиот месец и за задачите во наредниот месец, со една чета од 1.мпб беше реализирана методско показна вежба на тема „Обезбедување на база“.
Методско показната вежба беше реализирана по сценарио креирано врз база на досегашните искуства при учество во мировните операции на припадниците надвор од Република Македонија.
Според сценариото, една чета како дел од мултинационални единици предводени од НАТО операции, врши обезбедување на база, во неутрална зона помеѓу две завојувани страни.
Во текот на вежбата, четата покажа повеќе постапки и процедури при артилериски напад на база, претрес на лица и возила при влез во база, постапки при откривање на оружје во возила како и справување со толпа незадоволни лица пред влезот на базата.
Показната вежба беше проследена од страна на командантот на 1.мпбр, началниците на секциите од штабот на 1.мпбр, командантите, командирите и првите подофицери од потчинетите единици на 1. механизирана пешадиска бригада.