Во период од 4 до 14 февруари, во касарната „Јане Сандански“ во Штип и во реонот на полигонот за обука „Пенуш“, според планот и програмата за подготовка на зајакната чета од составот на Вториот пешадиски баталјон (2.пб), се реализираше „Обука за командири на одделенија и тимови“ (Squad leader academy). Обуката е во насока на подготовка на единицата, која ќе учествува на меѓународната вежба „Saber Junction 2025“ во септември, оваа година, во СР Германија.
Обуката беше реализирана од страна на инструктори од 4. Бригада за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB) од Вооружените сили на САД.
Припадниците од 2.пб, теоретски и практично го надоградија своето знаење, а за време на обуката беа реализирани повеќе теми од тактичка обука на ниво на одделение, техники на движење со тим, процедури на трупно водење, патролирање, реакција на контакт и друго.
Стекнатите знаења, вештини и техники се од големо значење за учесниците, кои ќе им помогнат во нивното понатамошно професионално усовршување и реализирање на секојдневните работни обврски и задачи во единиците.
За вложениот труд, покажаниот интерес и остварените резултати на учесниците им беа доделени соодветни сертификати.
ГЃ/ДЧ