Во периодот од 14 до 18.05.2018 година на АП Криволак декларираната чета од составот на баталјонот на Воена Полиција реализира обука во теренски услови и програмски гаѓања.
За време на теренската обука се реализирани командирски гаѓања со одделенија (КГО) од декларираната чета и гаѓања со вежбовен рачен ракетен фрлач (ВРРФ 64 мм).
Цел на гаѓањата е извежбување во брзо и сигурно уништување на различни цели на бојното поле и комбинирање на оган и движење во текот на гаѓањата. Овие гаѓања придонесуваат во достојно претставување на единицата и АРМ во целост на претстојната вежба “SABER STRIKE-18“ во Република Полска како и реоценување на декларираната чета во месец октомври 2018 година.
Во состав на теренската обука и гаѓањата се реализира и селективен курс со професионални војници и старешини, припадници на различни единици на АРМ. За време на селективниот курс се реализирани теми од воено полициска обука, тактичка обука и воена топографија.
Кандидатите кои успешно го завршија селективниот курс се стекнуваат со право да бидат дел од баталјонот на Воена Полиција.