Во периодот 16-20.09.2019 година, на АП „Криволак“, декларираната чета на баталјонот на Воена полиција изведе обука во теренски услови и изврши повеќе подготвителни гаѓања.
Цел на оваа обука во теренски услови и подготвителни гаѓања е припадниците на декларираната чета, тимски да се обучат и извежбаат во тактики, техники и процедури при изведување и организирање на воено полициски обуки, брзо и сигурно уништување на различни цели на бојното поле, реализирано преку подготвителните гаѓања.
Воедно покрај изведувањето на обуката во теренски услови, беше реализиран селективен курс на кандидати за прием во баталјонот на Воена полиција. Курсот се реализираше по теми од: воено полициска обука, тактичка обука, воена топографија, борбени вештини, тактички маршеви и слични теми, сето тоа реализирано од страна на припадници на баталјонот на Воена полиција, сертифицирани за изведување на вакви типови на обука.
ДЃ/КН/ЧС/НЈ