Со дел од персоналот од потчинетите единици на 1.мпбр, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во деновите од 19 до 22 март 2018 година, се реализираше обука за предни набљудувачи.
Учесници на обуката беа старешини и војници од артилерискиот баталјон и артилериските единици од составот на пешадиските баталјони на 1.мпбр, како и претставници од Полкот за специјални операции (пСО).
Обуката започна со теоретски предавања и презентации, а потоа следеше и практичен дел. Во рамките на практичниот дел на обуката се организираa и реализираa вежбовни гаѓања со Хаубици 105 мм со вметната цевка 20 мм, на стрелиштето Леково во близина на Прилеп.
Цел на обуката за предни набљудувачи беше старешините и војниците кои учествуваа на обуката да ги подобрат и надоградат познавањата во делот на техниките и процедурите за работа со средствата и системите со кои се опремени единиците на 1.мпбр и АРМ.