На 10 јуни 2014 година во касарната „Чедо Филиповски-Даме“ во Кичево припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, во соработка со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Кичево организираа и реализираа обука за противпожарна заштита.
Обуката се спроведе во два дела и тоа теоретски и практичен дел.
Во текот на обуката од страна на професионалните пожарникари, беа покажани и објаснети причините за настанување на пожарите, превземање на противпожарно – превентивните мерки и активностите кои треба да се превземат при гасење на пожари со формациските средства со кои располага 4.мпб.
Во реализација на практичниот дел од обуката беше прикажана дел од противпожарната опрема која ја поседува ТППЕ во Кичево и беа демонстрирани нејзините можности.
За време на практичниот дел, од страна на професионалниот тим на ТППЕ беа демонстрирани постапки кои се превземаат за гаснење на пожар и тоа, подготовка и употреба на против пожарно возило за гаснење на пожар, употреба на заштитна опрема при гаснење на пожар и останати процедури.
Иста ваква противпожарна обука во соработка со територијалните противпожарни единици ќе биде спроведена и во останатите гарнизони до крајот на месец Јуни.