Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците на 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа „26-ти Февруари, Денот на единицата“, денот кога е формирана Третата Македонска Ударна Бригада во с. Жегљане, Куманово.
На свеченоста присуствуваа, командантот на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Зоран Милески, заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, началникот на штаб во ЗОК бригаден генерал Азим Нуредин, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, команданти и командири од единиците на АРМ, поранешни команданти, припадници на единицата, претставници од сојузот на борците, МВР, ЦУК, ДСЗ како и градоначалници и претставници од локалната самоуправа, јавни и приватни претпријатија и други гости.
Пред гостите, пригодно обраќање имаше командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски кој истакна дека е чест и задоволство да се биде во стројот на 1 мпб, кој е дел од организациско-формациска структура на 1.мпбр. Вашата единица преставува еден од најсилните столбови на бригадата, кои како нејзин маневарски дел се главна ударна сила за извршување на сите борбени задачи.
Командантот на 1.мпб потполковник Ердоан Хасан даде краток осврт на историскиот развој на 1.мпб, меѓудругото ги истакна најбитните активности во текот на 2017 година, меѓу кои и успешното реоценувањето на СПБГ „НИВО 2“ чиј носител беше 1.мпб. Со тоа 1.мпб ја потврди подготвеноста за учество во мировни операции надвор од Република Македонија.
За време на свеченоста на дел од припадниците на 1.мпб им беа доделени стимулативни мерки, а врз основа на спроведените интерни процедури за избор на најдобра единица во баталјонот, на оклопно-извидувачкиот вод му беше предаден преодниот пехар и знаме за најдобра единица за 2017 година.
Во пресрет на одбележувањето на денот на единицата претходно беше реализирана акција за доброволно дарување на крв, како и посета на НУ Музеј Куманово, од стра а на припадници од командата и штабот на 1 мпбр и 1.мпб, каде се запознаа со историските факти на Трета Македонска Ударна Бригада.
По повод одбележување на 26 ти Февруари, Денот на единицата во рамките на прославата делегација од единицата изврши полагање пред спомен плочата во с.Жегљане.
По завршување на официјалниот дел присутните имаа можност да го разгледаат ТТ зборот каде беа изложени дел од опремата и вооружувањето со кои располага единицата.
На свеченоста покрај, командантите на здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Зоран Милески и на 1.механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски,, присуствуваа и заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, началникот на штаб во ЗОК бригаден генерал Азим Нуредин, команданти и командири од единиците на АРМ, поранешни команданти, припадници на единицата, претставници од сојузот на борците, МВР, ЦУК, ДСЗ како и градоначалници и претставници од локалната самоуправа, јавни и приватни претпријатија и други гости.