Припадниците на Баталјонот за врски во касарната „Илинден“ во Скопје, со воена свеченост го одбележаа 21 октомври – Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, командантот на 1 пбр. бригаден генерал Дејан Чиплаковски, како и претставници од Генералштабот на Армијата, од Командата за операции, останатите команди и единици во Армијата, поранешни команданти на полкот и баталјонот за врски, како и претставници на локалната самоуправа, институции со кои соработува единицата.
Во рамките на одбележувањето на Денот на единицата за дел од персоналот беа прочитани наредби за унапредување во непосредно повисок чин и беа доделени стимулативни мерки од НГШ, командантот на КО и командантот на Баталјонот за врски.
По повод Денот на единицата беше реализирана крводарителска акција на која беа собрани 20 крвни единици, а беа организирани и спортски натпревари во баталјонот. На 22 октомври ќе биде реализирана и хуманитарна акција со донација на прехранбени продукти и средства за хигиена за социјално загрозени семејства во Општина Сопиште.