Денес, во касарната „Народен херој Мирче Ацев“ во Прилеп со воена свеченост, припадниците на Артилерискиот баталјон (артб), од составот на 1.механизира пешадиска бригада (1.мпбр) го одбележаа денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа, командантот на 1.мпбр полковник Драган Ковачки, началниците на секции од командата, командантите на потчинетите единици, поранешни команданти и пензионирани припадници на единицата, преставници од локална самоуправа, владини и невладини организации, сојузи, здруженија, верски заедници, претставници од државниот и приватниот сектор, преставници на медиумите и други гости кои со своето присуство му дадоа знаење на настанот.
Командантот на артб, потполковник Ѓорги Василевски во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата се осврна на историјата на единицата, реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период.
Командантот на 1.мпбр, полковникот Ковачки истакна дека обврските на единицата декларирана во НАТО која со највисоки оценки го помина НАТО оценувањето е во врвот на приоритетот за модернизација за модерни и респектабилни средства и системи на кои сите припадници, не само на артб туку и на Армијата ќе бидат горди.
На свеченоста по повод денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата, а за најдобар вод беше прогласен 1. огнен вод од хаубичката батерија.
Припадниците на артб пред гостите реализира и тактичко-технички збор (ТТ -збор) на дел од вооружувањето и опремата со која располага единицата.
ВХ/ГЃ/СМ/ЧС/БН