Во чест на навршување на 22 години од смртта на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски денеска во касарната „Илинден“, заеднички со семејството на Бубевски, многубројни пријатели, претставници од Команда за операции, припадници на баталјонот за врски и претставници на командите на единиците во касарна „Илинден“ – Скопје во негова чест се положи свежо цвеќе пред спомен обележјето.
Во говорот пред присутните командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, својата храброст за што е постхумно е одликуван со „Медал за Храброст“.
Секоја година во негова чест во баталјонот за врски се одбележува поменот на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.
ЧС