Денес, 27 Август (четврток) 2015 година во касарната Н.Х “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена свеченост припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) го одбележаа 27-ми Август Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа преставник од Здружено оперативната команда, командантот на 1.мпбр, команданти на бригади и баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата преставници од Сојуз на борци од градот Тетово, преставници од локалната самоуправа, преставници од политички партии, здруженија на граѓани, припадници на верските заедници, владини и невладини организации кои со своето присуство му дадоа значење на настанот.
Командантот на 3.мпб со пригодно обраќање даде краток осврт на историскиот развој на баталјонот, кој претставува продолжување и негување на традициите на 15-та пешадиска бригада.
Командантот на 1.мпбр полковник Зоран Милески честитајки им го денот на единицата меѓу другото истакна “Денешниот 3.мпб, благодарение на ентузијазмот, знаењето и младоста, преставува мобилен и ефикасен баталјон, подготен да одговори на потебите и предизвиците кои ги носи и бара денешното време“.
На свеченоста, по повод денот на единицата беа прочитани стимулативни мерки за припадниците на 3.мпб, додека третиот вод од првата чета беше прогласен за најдобар од составот на баталјонот.
Покрај стимулативните мерки командантот на првата механизирана пешадиска бригада на двајца припадници од единицата чии домови беа зафатени од неодамнешното невреме во с.Шипковица им беа доделени симболични парични средства собрани од составот на 1.мпбр.
Со одлука на председателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов 27-ми август е прогласен за ден на 3.мпб, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзано со денот на формирањето на 15-та пешадиска бригада која ги негуваше традициите на 15-та Поречка Бригада формирана истиот ден во далечната 1944 година.