Со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, припадниците на 1. пешадиски баталјон (1.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа денот на единицата „26-ти февруари“ – денот кога во 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, била формирана 3-та Македонско Народно Ослободителна Ударна Бригада.
На свеченоста присуствуваше делегација од Командата за операции (КО) предводена од генерал-мајор Павле Арсоски, делегација од командата и штабот на 1.пбр, командантите на баталјони од составот на 1.пбр, поранешни команданти на 1.пб, припадници на Сојузот на борци од Куманово, локалната самоуправа, граѓански здруженија и организации од зоната на одговорност со кои 1.пб има долгогодишна соработка.
Пред стројот на баталјонот и присутните гости со свои говори се обратија началникот на штаб на 1.пбр полковник Дејан Чиплаковски и командантот на 1.пб потполковник Мирче Тасев.
За најдобра единица во баталјонот за 2019 година беше прогласен третиот вод од првата пешадиска чета, беа наградени и пофалени одреден број на офицери, подофицери и професионални војници и доделени благодарници за успешна соработка со цивилните структури.
Крајот на свеченоста беше одбележан со свечено дефиле на припадниците на 1.пб, а присутните гости имаа можност да се запознаат со опремата и средствата со кои располага единицата.
Во рамки на одбележување на Денот на единицата, припадниците од командата и штабот и клучниот персонал од баталјонот реализираа посета на НУ Музеј Куманово, положија свежо цвеќе пред спомен плочата во с. Жегљане, а воедно беше реализирана и крводарителна акција.
ИН/ГЃ/БН