Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со воена свеченост припадниците од 2.пешадиски баталјон (2.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата „17 ти септември“, денот кога е формирана 14-та Младинско македонска народна ослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“ (14.ММНОУ) формирана 1944 година во село Митрашинци Беровско.
По повод одбележување на „17-ти септември“, Денот на единицата делегации од претпоставената команда и единицата положија свежо цвеќе пред спомен обележјето „Македонија“ на влезот од касарната и на спомен обележјето во с. Митрашинци.
На свеченоста свое обраќање имаше командантот на касарната „Јане Сандански“ потполковник Стојанче Костов кој меѓу другото истакна: „Ние припадниците од 2.пб сме горди што ги продолжуваме традициите на оваа славна бригада. Горди сме и им одаваме почит на сите борци и херои кои низ годините наназад ги вградија своите копнежи, знаења и животи за слободата на Македонија“. Денес, 2.пб е воена сила достојна за почит. Како деклариран лесен пешадиски баталјон претставува НАТО цел на способност од прв приоритет за Армијата, дефинирани согласно НАТО целите на способности од 2021 година и претставува јадро за формирање на ЛПБГ, со што докажуваме дека сме сериозен сојузник на кој треба да се верува.
Пред присутните во својот говор обраќање имаше и командантот на 1.пбр полковник Сашко Лафчиски кој меѓу другото истакна, „Вие припадниците на вториот пешадиски баталјон сте дел од ударната тупаница подготвени да ги заштити националните интереси, територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Вие сте овде секогаш подготвени да помогнете на останатите институции со справување на елементарни непогоди, пандемии и слично. Тоа го покажавте и докажавте кога непосредно се справувавте со пожарите.
На свеченоста присуствуваа началникот на штаб во Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски, команданти на единици, началници на секции од претпоставената команда, претставници од Армијата на САД од мисијата КФОР, како и претставници од општествениот и бизнис сектор.
Во рамки на прославата се реализираа низа активности: дефиле на единиците, честитање на празникот, пригодни говори, соопштување на стимулативни мерки награди и пофалници како и прогласување на најдобар вод во единицата за изминатата година таа чест по втор пат ја доби поручник Неда Волчева.
ИН/ЧС