Денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), го одбележаа 21-ви мај, Денот на единицата.
Во текот на свеченоста со пригодни говори и честитање на празникот се обратија командантот на 4.мпб, потполковник Боро Латкоски и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Во своите говори се навратија на историјата на единицата, ангажирањето во изминатиот период, сегашните ангажирања и активностите кои претстојат во наредниот период.
На денот на единицата покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Зоран Милески присуствуваа и команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на единицата, претставници од државната управа, јавните установи и служби, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
На свеченоста по повод Денот на единицата за најдобар беше прогласен 2 вод од минофрлачката батерија и беа доделени стимулативни мерки на персоналот за постигнатите резултати во работата.
Одбележувањето заврши со свечено дефиле на единиците по што се реализира и тактичко техничкиот збор (ТТ-збор) на кој учениците од средните и основните училишта и присутните гости имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.
И овој пат, по повод денот на единицата, припадниците на 4.мпб на дело ја покажаа хуманоста преку доброволно дарување на крв.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов за ден на 4.мпб, одреден е 21 Мај и единицата ги продолжува и негува традициите од формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.