На ден 18.02.2014 година (вторник) припадниците на Здружено Оперативната Команда и првопотчинетите команди и единици во гарнизоните: Куманово, Штип,Тетово, Кичево, Прилеп и во Скопје масовно се вклучија во одбележувањето на „Денот на Меѓународнитe Воени спортови (МСВС)” кој оваа година по девети пат се изведува во организација на ГШ на АРМ.
Одбележувањето на МСВС во ЗОК и првопотчинетите единици отпочна со постројување на единиците, свечено отвoрање од страна на командантите на гарнизоните по што отпочнаа натпреварите кои се изведуваа во следните дисциплини: екипни натпреварувања во влечење јаже, мал фудбал, пинг понг, шах и кошарка кои се спроведуваа на спортските терени и простории во касарните.
Денот на МСВС се искористи и за отварање на фитнес сала во една од просториите на Здружено Оперативната Команда која е опремена со 11 професионални справи за вежбање со цел припадниците на единиците во гарнизонот Куманово да го користат за оддржувањето на физичка подготвеност и спортскиот дух.
Со масовното учество на спортските активности во гарнизоните се постигна и целта на овој проект за промовирањето на здравјето, физичката кондиција и психофизичкиот ментален склоп кај секој припадник на АРМ низ спортски активности развивајки пријатно чувство и поголем елан за работа, транспарентност ,создавање општа култура за спортување но исто така и за промовирање на цивилно воената соработка со спортски здруженија и екипи од цивилните структури кои исто така беа поканети и учествуваа на манифестацијата.
На крајот од екипните натпреварувања најдобрите екипи се здобија со дипломи од командантите на единиците.