Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец, во услови на ангажирање на припадниците на Армијата во поддршка на државните институции, во спречување на ширењето на пандемијата предизвикана од „Ковид 19“ и со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата, припадниците на тенковскиот баталјон (тб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), го одбележаа Денот на единицата.
Пред стројот на припадниците на тенковски баталјон, командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини упати честитки за Денот на единицата и се заблагодари за успешноста во извршување на задачите и обврските во услови на пандемија. Од страна на командантот на тб, потполковник Зоран Стојановски, беа истакнати историскиот пат, духот и традицијата на единицата, изградени во изминативе 29 години кои силно се врежани во секој припадник на тенковскиот баталјон, чии корени потекнуваат од 2. јуни 1992 година, денот кога е формиран тенковскиот вод во рамките на тогашната гардиска бригада на Армијата, како и достигнувањата на припадниците на тб во обуката, секојдневните активности и идните активности на баталјонот.
На свеченоста присуствуваа заменик на командантот на Командата за операции (КО), бригаден генерал Орце Јордев, командантот на 1. пешадиска бригада, полковник Бесник Емини, командантите на потчинетите единици на 1.пбр и началниците на секции од командата и штабот на 1.пбр.
По повод Денот на единицата беа наградени и пофалени припадниците од баталјонот кои се истакнале во работата и обуката и дале свој придонес во јакнењето на борбената готовност на единицата.
ГЃ/ЧС/БН