Припадниците на гарнизонот Кичево и делегација на сојузот на борци на општина Кичево со полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој „Чеде Филиповски – Даме“ го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој, чие име го носи касарната во гарнизонот.
По повод одбележување на „30 години Армија“ и патронатот на касарната се реализира и хуманитарна акција со која персоналот ја потврди својата хуманост, со донирање на облека обувки школски прибор и слично за социјално ранливите категории на граѓани од Кичево.
Командантот на 4.пб воедно и командант на гарнизон Кичево, потполковник Горан Трајаноски во својот говор, се наврати за животниот пат и патешествијата на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, за неговото движење и напредување во кариерата, за човекот кој секогаш се борел за правда и слобода за својот народ.