Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со воена свеченост припадниците на 2.пешадиски баталјон и останатите единици од касарната го одбележаа 22 Април, патрониот празник на касарната.
Настанот започна со полагање на свежо цвеќе, воедно и оддавање почит на големиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански. Оваа година се одбележуваат 110 години од загинувањето на Јане Сандански, а касарната името „Јане Сандански“ го добила со формирањето на Армијата.
Пригоден говор одржа командантот на 2.пб, потполковник Зоран Сумрачки, кој се осврна на ликот и делото на Јане Сандански, истакнувајќи дека со одбележувањето секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации.
На свеченоста присуствуваа: командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од СВР-Штип, Сојузот на борци Штип, претставници од 4.SFAB (Security Force Assistance Brigades) од Вооружените сили на САД, градоначалниците на општините во регионот, претставници од основните и средни училишта од Штип и останати гости.
Свеченоста беше збогатена со читање на рецитал за ликот и делото на Јане Сандански од страна на учениците од Едукативниот центар „Dora’s House“, под менторство на Елена Митева, изведба на мелодии од страна на хорот ,,Шчипјани“ и изведба на музички композиции на учениците од ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов“ од Штип.
ГЃ/ДЧ