Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу, во касарната во Тетово, беше одбележан патронатот на касарната.
На одбележувањето, присуствуваа Заменик командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Марјан Симоновски, претставници од 1.мпбр, команданти и командири од други единици на АРМ, претставници од државните институции, локалната самоуправа, сојузи, здруженија, невладини организации, верски заедници, културниот и приватниот сектор и ученици од основните училишта од градот Тетово.
Пред полагање на свежо цвеќе, беше интонирана химната на Република Македонија и химната на АРМ, а со едноминутно молчење им се оддаде почит на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу и останатите загинати и починати борци за слободата на Македонија и на загинатите припадници на АРМ. Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу пред присутните, се обрати командантот на касарната, потполковник Гоце Филипоски, по што на тактичко-технички збор беше презентирана опремата и вооружувањето со која располага единицата.
По повод патронатот на касарната „НХ Кузман Јосифовски-Питу“ беше реализирана крводарителна акција од страна на вработените.