Во касарната „Илинден“, пред спомен собата во баталјонот за врски, со положувањето на свежо цвеќе се одбележаа 17 години од трагичното загинување на капетанот Зоран Бубевски.
Во говорот пред присутните командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, храброста и несебичност во извршување на поставените задачи во неговата воена кариера за што е посмртно одликуван и со „Медал за Храброст“ од страна на врховниот Командант на вооружените сили и Претседател на Република Македонија. На поменот присуствуваа семејството, командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, многубројни пријатели на капетан Бубевски, припадници од баталјонот за врски и команданти на единиците од касарната „Илинден“ – Скопје.
Секоја година баталјонот за врски го одбележува поменот на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.