На 08.04.2020 година, во време 10:30 – 11:30 часот, на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, реализирана е активност по повод приемот на Република Северна Македонија во НАТО, под назив „Република Северна Македонија 30-та НАТО членка“.
Во таа пригода беше поделен репрезентативен материјал во вид на монети, маици, капи, чаши и други обележја на Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа стотина учесници.
За секој учесник беше обезбедено по едно парче на репрезентативен материјал, по пат на извлекување. Целокупниот настан беше проследен со пригодна македонска музика.
Настанот е комплетно финасиран од страна на НАТО активностите за морал и добросостојба (MWA – Morale and Welfare Activities).
ИР/ЧС