По повод одбележувањето на тринаесет години од трагичното загинување на припадникот на баталјонот за врски капетан Зоран Бубевски на ден 28.05.2014 година во касарната Илинден пред спомен собата на командата на баталјонот за врски се положи свежо цвеќе и изрази сочувство на семејството на загинатиот.
На поменот присуствуваа семејството, пријатели на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски, сите припадници на баталјонот за врски и командаnтите на единиците во касарната „Илинден“ Скопје.
Пред присутните во своето обраќање командантот на баталјонот за врски го истакна неговиот придонес, посветеност на професијата и несебичноста во извршување на поставените задачи во неговата воена кариера.
За покажаната храброст капетан Зоран Бубевски посмртно е одликуван со „Медал за Храброст“ од страна на Врховниот Командант на Вооружените сили и Преседател на Република Македонија.