„Отворен ден со АРМ“ за учениците од средните и основните училишта како и за останатите цивилни структури од општина Демир Хисар, од страна на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) на ден 10-ти октомври 2014 година, се организираше тактичко – технички збор (ТТ-збор) на вооружување и опрема.
На ден 24.09.2014 година Командантот на 4.механизиран пешадиски баталјон потполковник Благоја Мијаковски оствари средба со градоначалникот на општина Демир Хисар господинот Љупчо Блажески. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната добра соработка на 4.мпб и општина Демир Хисар, при што беше договорена реализација на ТТ збор.
Персоналот доследно ја презентираше единицата во неколку работни точки, на кои присутните со разгледување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користат во единицата.