На ден 21 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево се организира и реализира „Отворен ден“ за учениците од средните и основните училишта од Кичево, по повод одржување на традициите и одбележувањето на „Денот на поранешната 2 механизирана пешадиска бригада“.
На отворениот ден, кустоcот од Музејот на Западна Македонија одржа историски час за формирањето на „Кичевско-Мавровскиот Партизански Одред“. Во неговото излагање го нагласи историското и военото значење, целта и одвивањето на борбените дејствија. На 21.мај 1943 година Главниот штаб на Народно Ослободителната Борба на Македонија од пристигнатите борци го формира „Кичевско-Мавровскиот партизански одред“.
Во текот на денот, во организација на 4. механизиран пешадиски баталјон од 1. механизирана пешадиска бригада беше реализиран и тактичко техничкиот (ТТ) збор со неколку работни точки, на кој учениците од средните и основните училишта со разгледување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користи во единицата.
Учениците покажаа голема заинтересираност за прикажаното вооружување и опрема, така што имаа повеќе прашања за лицата кои презентираа на ТТ-зборот.