На ден 10.10.2017 година во командата на артилерискиот баталјон, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена готовност.
Во рамките на редовниот месечен состанок, по завршеното реферирање припадниците на артилерискиот баталјон реализираа показна вежба на тема „Организација на системот за огнена поддршка“.
Вежбата беше изведена преку три наставни прашања: претставување на тимот за огнена поддршка, поседнување на набљудувачница и работа на предните набљудувачи, повик за оган од страна на предните набљудувачи.
Показната вежба беше проследена од страна на командантот на ЗОК, бригадниот генерал Зоран Милески, заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, началниците на секции во ЗОК, командантите и главните подофицери на првопотчинетите единици на ЗОК.