На ден 31.05.2017 година припадниците на извидувачкиот вод од составот на командна чета на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), во поширокиот реон на касарната „Чојлија“ и стрелиштето „Петровец“, пред командантите на 1.мпбр и полкот за Специјални операции, претставници од ГШ на АРМ и ЗОК, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр и командирите на извидувачките водови, изведоа показна вежба на тема: „Тактики, техники и процедури на употреба на извидувачките водови“.
Во рамките на вежбата беа опфатени и разработени планирачкиот сегмент, разработка на оперативниот дел согласно процедурите за трупно водење, и извршниот дел. Извршниот дел беше изведен по сценарио за уфрлена четиричлена Диверзантско-терористичка група (ДТГ) со едно моторно возило со локација на точно утврдени координати.
По собирањето на потребните информации за ДТГ од страна на извидувачкиот вод, ДТГ беше елиминирана во содејство со водот на воената полиција, исто така од составот на командната чета на 1.мпбр и хеликоптерската единица од воздухопловната бригада на АРМ.
По завршувањето на вежбата командантот на 1.мпбр, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски им изрази благодарност на сите учесници во вежбата истакнувајќи дека е постигната целта на вежбата за унифицирање на тактиките, техниките и процедурите на извидувачките водови во составот на потчинетите единици на 1.мпбр.