Денес во посета на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), беше одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Северна Македонија полковник Маријана Плеша Чадониќ и истата беше пречекана од страна на командантот на 1.мпбр полковник Драган Ковачки со дел од старешините на командата и штабот на 1.мпбр.
Во рамки на посетата во командата на 1.мпбр, беше реализиран брифинг за единицата со кој гостинката се запозна со историјата и мисијата на единицата, организациско-формациската структура, опремата, локацијата на потчинетите единици, терените за обука, како и активностите кои ги има единицата за наредниот период и идната трансформација на бригадата согласно НАТО стандардите за полесно интегрирање со останатите земји членки на НАТО алијансата каде стремиме и ние како држава.
По брифингот се разговараше и за заеднички планираната соработка со декларираните единици во операциите за поддршка на мирот предводени од НАТО и воени вежби, пружање на поддршка на цивилните структури во случај на елементарни непогоди, како и логистичка поддршка во текот на изведување на воени вежби од страна на двете армии и помошта што би можела да ја даде Република Хрватска при приемот на нашата армија за полноправно членство во НАТО алијансата.
ГЃ/БН/ПА