На ден 29.04.2026 година, се реализира посета на Прва пешадиска бригада (1.пбр) од страна на питомците од четврта година од насоката врски, кои се на школување на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“,
За време на посета питомците се запознаа со дел од средствата за врски со кои располага единицата.
Питомците се стекнаа со стручно-специјалистички знаења за родот врски што се неопходни за работа за секој иден, современ и добро обучен офицер од родот врски во Армијата.
ГЃ/ДЧ








