Во рамки на Програмата за соработка со Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Северна Македонија, беше реализирана посета на 2.пешадиски баталјон (2.пб) во Штип.
За време на денешната посета аташеата се запознаа со историјата и структурата на единицата, мисијата, задачите, тековните и планирани активности кои ќе се реализираат до крајот на годината, како и со модернизација и набавка на потребната опрема која содејствува со стандардите на Алијансата.
По завршување на брифингот, аташеата во придружба на претставниците од командата за операции, командантот на првата пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски и командантот на 2.пб, потполковник Стојанче Костов, имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на единицата, како и со методско показна вежба „Реакција на контакт“.
По завршување на посетата на касарната „Јане Сандански“ од страна на градоначалникот на општина Штип д-р Сашко Николов беше организиран прием во општината, каде аташеата беа брифирани за градот Штип, неговите капацитети, можности и идни соработки со општината.
ИН/ЧС