Делегација од Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) од повеќе земји акредитирани во Република Северна Македонија (резидентни и нерезидентни), беа во посета на Артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр).
Тие беа пречекани од страна на заменик-командантот на 1.пбр, полковник Блерим Исмаили и командантот на артб, потполковник Сашко Палески.
За делегацијата беше реализиран брифинг и техничко-тактички збор на вооружувањето и опремата со кои располага единицата.
Обиколката од АОА е редовна активност, која се реализира на годишно ниво, врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со АОА во земјава.
ГЃ/ДЧ









